Денес на теренот на Алумина се одигра пријателски натпревар меѓу фудбалските екипи на Вардар и Работнички. Поуспешен беше градскиот ривал кој славеше победа со резултат 2:0 (1:0).
Првиот гол тимот на Работнички го постигна во 45 минута од првиот дел, додека вториот гол падна во 68.минута од натпреварот. Вардар имаше свои шанси на овој дуел кои останаа нереализирани.
Во подготвителниот период, црвено-црните одиграа уште два контролни натпревари, на кои беа остварени победи против Тетекс (5:0) и Скопје (3:1). Од следниот викенд стартува и пролетниот дел во ВМФЛ, Вардар ќе биде домаќин на Аресими.