После осум години поминати во Вардар, Давид Савревски се сели во екипата на РК Алкалоид.
Савревски потекнува од школата на РК Илинден, а во Вардар ги помина сите младински екипи, додека настапуваше и за првиот тим, а се работи и за репрезентативец на Македонија кој беше дел од СП кој неодамна се одржи во Полска и Шведска.
Вардар на позицијата десен бек останува со Куни Моралес и Томислав Јагуриновски.