Вардар го одигра првиот пријателски натпревар во Аланија и одма доживеа пораз. Денеска со резултат 2:1 (0:0) победи Иртиш Павлодар од Казакхстан. Натпреварот го започнавме во следниот состав: Гачевски, Жуниор, Наумчески, Манев, Тошевски, Мицевски, Ѓурковски, Адем, Реџепи, Лира и Ибиши.
Сите три гола паднаа во вториот дел. Прв поведе противникот со гол на самиот старт од вториот дел, а Вардар израмни во 65. минута од пенал преку Брдаровски. Одлична шанса имавме во 58 минута кога Колевски ја погоди стативата, а од втора биеше над голот. Во 76. минута противникот постигна уште еден гол, за на крај да биде и конечен резултат од овој дуел. Уште на самиот старт од овие пријателски дуели, јасно се увидува дека Вардар мака ќе мачи повторно со реализацијата.
Во игра во вториот дел влегоа: Илиќ, Новак, Тодоровски, Младеновски, Манасиевски, Димоски, Најдовски, Игнатов, Велковски, Колевски и Цветановски.
Следен ривал на Вардар на подготовките во Турција ќе биде Сумгаит од Азербејџан, на 22 јануари.