Вардар го доживеа првиот пораз во Словенија. Денеска “црвено – црните” одиграа натпревар под својот просек па така со резултат 0:1 (0:0) го загубија дуелот. Противникот постигна гол пред самиот крај, односно во 88. минута.
За прв пат на подготовките во Словенија, Вардар не постигна гол во првото полувреме, дуелот со Оренбург заврши без голови 0:0. Мора да се признае дека противничкиот тим во првиот дел повеќе покажа, ја имаше топката воглавно во свој посед и преку неколку опасни напади се закани кон голот на Гачевски кој беше на висина на задачата. Вардар својата шанса ја чекаше преку полу контри и контра напади, но во првите 45,минути не дојде до посериозни шанси.
На стартот од вториот дел кај Вардар во игра влезе новиот голман Александар Кировски кој го замени Гачевски. Во вториот дел Вардар главно ја држеше топката во свој посед, но и двата тима не створија некоја посериозна шанса да го загрозат голот на голманите. Вардар освен голманот, се до 80. минута играше со играчите со кои и го започна мечот. Во 80. минута во игра влегоа Попзлатанов и Талески. Кон крајот на дуелот, во 88. минута противникот дојде до предност по еден гол со глава на Вацадзе. Со резултат 0:1 заврши дуелот.
ВАРДАР: Гачевски (46’ Кировски), Тошевски, Попов, Новак, Брдаровски, Битанг, Мицевски (80’ Талески), Адем (90’ Најдовски), Цветановски (87’ Максимов), Бериша (80’ Попзлатанов), Барсегјан.
ОРЕНБУРГ: Фролов, Шљаков, Чуканов, Тереков, Бакаев, Андреев, Сутормин, Афонин, Ојеволе, Чиркин, Шаков. Уште играа: Руденко, Криворучко, Алшин, Поповиќ, Икич, Бреев, Попов, Ватсадѕе.
Вардар утре ќе одигра нов дуел, против Балзан од Малта.