Вардарецот, Могамедгаџи Нуров се пласира во финалето на Медитеранските игри на турнирот во борење во категоријата до 97кг. Нашиот репрезентативец со пресврт во полуфиналето го совлада Турчинот Деде со 8-5. Тој претходно и во четвртфиналето беше одличен и со високи 9-0 го совлада шпанскиот борач Антонио Родригез . Нуров веќе е медалист на ова натпреварување, само се разбира главниот атак е на златото.
Во полуфиналниот дуел Турскиот борач имаше водство од 5-2, но со превсрт во втората рунда Нуров се избори за финале и борба за златниот медал. Со извонредна тактичка и трпелива борба, иако турскиот борач во многу наврати на нечесен начин се обидуваше да дојде до победа сепак нашето момче покажа класа и победи. Финалната борба е во 19 часот, а негов противник ќе биде италијанскиот борач Симоне Јанатони, кој во полуфиналната борба беше подобар од Максим Франсоа.
Треба да се напомене дека стратегијата на проф.Љубиша Пешко и Ибрагимов, да се доведе вардарецот Нуров да се бори за Македонија почна да дава “плодови“ и резултати. Доколку МОК и ФБСМ имаа коректен и професионален однос кон борењето, несомнено е дека сега најмалку ќе имавме 3-4 медали во слободен и грчко-римски стил.