Македонкската ракометна репрезентација со победа го заврши настапот на медитеранските игри во Тарагона. Во последното коло од групната фаза, избраниците на Гарсија Парондо и Александар Царчев ја совладаа селекцијата на Србија ( 31:29).
Во најголем дел од натпреварот имавме предност и на крајот заслужено победивме, иако истата можеше да биде пред време решена и со многу поголема разлика. На полувреме имавме само еден гол предност (16:15), иако на десет минути пред крајот на првиот дел имавме високо водство од 15:7. Во вториот дел се вративме во игра, кога имавме повторно солидн предност од шест голови разлика, но противникот успеа да намали на само два гола негатива. Сепак на крајот не дозволивме изненадување и триумфиравме со резултат 31:29.
Повторно најефикасен на мечот во селекцијата на Македонија, беше Мартин Поповски кој постигна 6 голови. Десното крило на Вардар беше најдобар стрелец за Македонија на овие медитерански игри, постигнувајќи вкупно 19 голови. Во пораззите против Турција и Египет, имаше седум, односно шест голови, а исто толку како што напоменавме посигна и триумфот против Србија.