Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лоша игра на Вардар, пораз од Дукла Прага (3:2)
Лоша игра на Вардар, пораз од Дукла Прага (3:2)

Лоша игра на Вардар, пораз од Дукла Прага (3:2)

Вардар го доживеа вториот пораз во Анталија. Попладнево вардарци загубија од тимот на Дукла Прага со резултат 3:2 (0:0). Погодоците за нашиот тим ги постигнаа Глишиќ и Велковски. Утре нашиот тим ќе одигра натпревар и против Хајдук.

Првиот удар на натпреварот го упати тимот на Дукла Прага во 5 минута. Еден удар на нивни играч за малку заврши крај голот на Пачовски. Во 19 минута Дукла пропушти голема шанса за гол. Од самата гол линија една топка извади Новак и спречи водство за противникот. Во првите 20 минути од мечот Вардар не успеа да создаде шанса за гол. Во 25 минута Балотели се повреди и го напушти теренот, на негово место во игра влезе Колевски. Во 28 минута Демири се обиде од 20 метри, но неговиот удар беше изблокиран. Се до крајот на првиот дел Вардар не створи ниту една посериозна шанса за да го загрози голот на Дукла. На полувреме се замина со резултат 0:0.fkv-antalija

 Вториот дел започна со неколку измени во нашиот тим. Во 50 минута еден играч на Дукла упати силен удар кон нашиот гол но неговиот удар го избоксува Гачевски. Во 54 минута Петар Петковски доби одлична топка и биеше, но неговиот удар го одбрани голманот на Дукла. Во 63 минута Вардар дојде до предност од 1:0. Феноменален погодок постигна Глишиќ за предност на нашиот тим. Радоста на нашиот тим траеше кратко, во наредниот напад Дукла постигна погодок за 1:1. Во 69 минута Дукла постигна уште еден погодок за предност од 2:1. Во 92 минута Велковски постигна погодок за 2:2. Во 93 минута Дукла повторно погоди за 3:2 и победа на овој натпревар.