Вардарци со победа ја започнаа новата година, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански во рамки на СЕХА-лигата ја победија екипата на Нексе.
Во нападот започнавме со Дибиров, Деревен, Карачиќ, Душебаев, Марсениќ и Чупиќ, додека на голот беше Петар Ангелов. Одлично го започнавме натпреварот каде со два последователни голови на Чупиќ и еден на Дибиров поведовме со 3:0, додека првиот гол Нексе го постигнува во 5 минута. Ова водство од три гола го одржувавме до 13 минута кога со нов гол на Чупиќ поведовме со највисоки четири голови разлика (9:5). Од тој момент следи серија на противникот од три последователни голови за намалување на 9:8. Во продолженид од мечеот во игра влегоа Македа, Кањелас, Недановски и Стоилов, па токму со голот на нашиот капитен повторно се одвојуваме резултатски (12:9). Отсуството на голем број ракометари поради настапот на СП се рефлектира во нашата игра, па Нексе стигнува и до првото израмнување на мечот, кога во 26 минута израмнија на 13:13. Во последните секунди од првото полувреме со погодокот на Недановски успеваме на одмор да заминеме со минимално водство од 17:16. Петар Ангеловски имаше забележано седум одбрани.
На стартот на вториот дел следиме прво водство на Нексе кој со два гола во серија поведува со 17:18. Оваа предност ја имаа до 36 минута, кога Вардар постигна четири гола и го презеде водството (24:21).Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Ведран Зрниќ со два погодови во серија намалува на 24:23, но тоа беше се што успеа да стори екипата на Нексе. Чупиќ денес одигра одличен натпревар, а Вардар прави серија од 5:0 и поведува со највисоки 29:23 во 47 минута. За момент противникот со голот на Вегар намали на 29:24, по што следи нова серија од 3:0 за Вардарци кои зголемуваат на убедливи на 32:24, по што беше познат победникот на овој натпревар. Последните минути беа рутина за нашиот состав, кој издвојува победа со конечни 37:29
Најефикасен беше Иван Чупиќ со 8 погодоци, додека 6 гола беа за Тимур Дибиров. Петар Ангелов одличен на голот со 14 одбрани. Во недела нов натпревар во СЕХА-лигата против екипата на Горење на гостински терен.