Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Квалитетот беше на наша страна и рутински со победа го завршивме натпреварот
Чупиќ: Квалитетот беше на наша страна и рутински со победа го завршивме натпреварот

Чупиќ: Квалитетот беше на наша страна и рутински со победа го завршивме натпреварот

Вардар го доби првиот натпревар во новата година. Во рамките на СЕХА-лигата. нашиот шампион издвојува победа во дуелот против екипата на Нексе. Долго време противникот одржуваше резултатска рамнотежа, но во последните 15 минути, Вардар со неколку голови во серија се одлепи резултатски и ја оправда улогата на фаворит во пресрет на овој натпревар. Конечниот резултат гласеше 37:29. По завршување на мечот на прес-конференцијата се обратија тренерот Гонзалес и крилото, Иван Чупиќ.

-Нексе играше добар меч, и со новиот тренер играат добро. Ние во првото полувреме игравме добро 15 минути, а потоа имавме криза, а тие одиграа подобро. Промашивме доста контранапади и во вториот дел. Решивме да ја смениме одбраната и од 6-0 се префрливме на 5-1. Нашиот голман беше супер, и можевме да искористиме 3-4 контри без голман. Ова е прв меч на кој сме сите заедно и останува да се подготвуваме, за она што ни следи.

Чупиќ беше најефикасен играч кај Вардар со вкупно осум постигнати голови од девет обиди кон противничкиот гол.

-Одработевме два тренинзи во комплетен состав по еден месец. Сите добија шанса да играат и малку комбиниравме 6-0 и 5-1 во одбрана. Во првото полувреме имавме малку повеќе грешки. Ја искористивме малку нервозата кај нив и некои технички грешки. Знаеме дека за десетина дена не чека меч од ЛШ. Во недела имаме уште еден меч за воигрување. Му честитам на Нексе за борбеноста, се држеа колку што можеа. Квалитетот е на наша страна и ние рутински го завршивме натпреварот, рече Чупиќ.