Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Прилог од историјата на АК Вардар! Ангеловски Александар и Партизанската Олимпијада во Фоча…пишува проф.М.Бошковиќ
Прилог од историјата на АК Вардар! Ангеловски Александар и Партизанската Олимпијада во  Фоча…пишува проф.М.Бошковиќ
Дефиле на учесниците на Олимпијадата низ улиците во Фоча, 1985 г

Прилог од историјата на АК Вардар! Ангеловски Александар и Партизанската Олимпијада во Фоча…пишува проф.М.Бошковиќ

Во следниот текст ќе ве запознаеме со еден фрагмент од  големата историја на  атлетски клуб. Станува збор за партизнаската Олимпијада во Фоча и учеството на Ангеловски Александар.  Авторот на овој прилог е  долгогодишен атлетски работник и член на АК Вардар. Станува збор за проф. Мирослав Бошковиќ кој во Вардар фанс веќе има сработено шест продолженија од историјата на АК Вардар. Наскоро очекувајте го седмото, ова денес не е дел од тој сериал. Изминатите шест дела  ќе може да ги најдете на дното од текстот.

Авторот:   Деновиве, рекреарирајќи по кејот на реката  Вардар, во овие снежни денови, се сретнав со поранешниот атлетичар на АК “Вардар”, од 80-те години, Ангеловски Александар. Меѓу другото, зборувавме и за периодот кога настапуваше за АК “Вардар” и неговите извонредни трки и резултати, како во јуниорска, така и во сениорска конкуренција.Ми вети дека ќе ми испрати неколку свои фотографии од периодот на својата атлетска кариера во клубот. Ветувањето го исполни. А меѓу фотографиите, ми испрати нешто што двајцата не врати во далечната 1985 година. Имено, таа година, од страна на СОФК-а на Македонија бев определен за водач на атлетската , фудбалската и одбојкарската репрезентација на Македонија на познатата во тоа време, Партизанската олимпијада во Фоча. Голем број од припадниците на помладите генерации, веројатно не слушнале за оваа спортска манифестација, која почнувајќи од 1977 па се до 2000 година, во втората недела на месец мај,  се одржуваше во Фоча. А како таа настанала?

Ангеловски Александар во Фоча, 1985 година

Ангеловски Александар во Фоча, 1985 година

 Во  1942 година, во рамките на одбележувањето на првомајскиот празник, во текот на Народноослободителната војна, била организирана и една спортска манифестација, прво организирано спортско натпреварување на територијата на Фоча – Партизански спортски игри. Било предвидено натпреварите да се одржуваат во фудбал, одбојка, атлетика и шах.

Многу години подоцна, на иницијатива на општествено-политичките и спортските работници, била установена Партизанската олимпијада, на која секоја година учествувале младите спортисти од сите републики и автономите покраини, како и спортистите од едно воено училиште и градот домаќин. Интересни беа дефилето на сите учесници низ улицитена Фоча, влегувањето на Градскиот стадион, а во незаборавен спомен се многубројните пријателства создадени во тие денови, како и посета на Тјентиште, културно-забавните активности и др. За успешното одвивање на оваа манифестација се грижел Организациниот одбор, а највисок орган на олимпијадата била Конференцијата.

Учество во дефилето на раководството и спортистите на Македонија, Фоча, 1985 година

Учество во дефилето на раководството и спортистите на Македонија, Фоча, 1985 година

Своите први чекори кон својата подоцнежна афирмација, во 1989 година, на овие игри ги направиле и фудбалерите на Вардар Зекир Мухарем и Колев Владимир, денес познати и успешни  фудбалски тренери. Во 1989 година, како селектор на фудбалската репрезентација патуваше и Сократ Мојсов, прославениот фудбалер на Вардар, и Никола Донев, поранешен одбојкар на Вардар и репрезентацијата на Југославија,  а сега во улога на тренер на одбојкарската репрезентација.

Дефиле на учесниците на Олимпијадата низ улиците во Фоча, 1985 г

Дефиле на учесниците на Олимпијадата низ улиците во Фоча, 1985 г

На оваа олимпијада, Ангеловски Александар настапи во трката на 400 метри. Како и секогаш, така и овој пат се бореше храбро, и од вкупно 20 атлетичари во оваа дисциплина, го освои 5 место. Резултатот што го постигна изнесуваше 52,9 . Со својот настап, не само што го оправда изборот во репрезентацијата , туку беше најуспешен од сите наши членови на атлетската репрезентација на Македонија. Покрај тоа што беше извонреден атлетичар, секогаш зрачеше со оптимизам и дружељубивост. Својата ведрина и духот ги задржал и денес, после цели 30 години од нашето заедничко патување во Фоча.

 Ангеловски Александар, лево, старт на 400м., Охрид

Ангеловски Александар, лево, старт на 400м., Охрид

Ангеловски Александар повеќе години ги бранеше боите на Вардар. Со голем успех настапуваше во повеќе дисциплини: 100, 200, 400, штафетите 4х100 и 4х400 метри. Како мошне борбен и срчан атлетичар, во секоја трка го даваше својот максимум. Во 1985 година, заедно со своите клупски другари Сиљановски, Пијаковски и Сачевски, придонесе штафетата на АК “Вардар” со резултат 42,8, да постави клупски сениорски рекорд на Македонија.

пишува: професор Мирослав Бошковиќ

Првите шест продолженија од историјата на АК Вардар може да ги најдете на следните линкови:

  1. Историјата на АК Вардар (1)… пишува: проф. Мирослав Бошковиќ- ВИДИ ТУКА
  2. Историјата на АК Вардар во 50-сетите и 60-сетите… Второ продолжение, пишува: проф. Мирослав Бошковиќ- ВИДИ ТУКА
  3. Ново продолжение! Историјата на АК “Вардар” (3), пишува: проф. Мирослав Бошковиќ- ВИДИ ТУКА
  4. Ново продолжение (4)! Историјата на АК “Вардар” во 70-сетите, пишува: проф. Мирослав Бошковиќ- ВИДИ ТУКА
  5. Ново продолжение (5) (историјата) на АК “Вардар”- СКОПЈЕ ДОБИВА ТАРТАН ПАТЕКА.. пишува: проф. Мирослав Бошковиќ- ВИДИ ТУКА
  6. ИСТОРИЈА НА AK “ВАРДАР” (6) ЕКСКЛУЗИВНО: СО И ЗА ТАСЕВСКИ ЗОРАН – АТЛЕТСКИ ШАМПИОН И РЕКОРДЕР…пишува: проф. М.Бошковиќ- ВИДИ ТУКА

 Покрај овие шест продолженија имавме од истиот автор и уште еден прилог- АТЛЕТИКА! ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВЧЕРА ДОБИЈА ЛЕГЕНДАРНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА АК ВАРДАР- МИЛОШ БУЦЕВСКИ И СИМЕОН ЃЕОРЃИЕВ – ВИДИ ТУКА