Помладите пионери на ФК Вардар со пораз го стартуваа турнирот „Играј фудбал, живеј живот“ кој се игра во градот Сараево. Црвено-црните беа поразени од домаќинот со резултат 2-0.
Тренерот Деспотовски мечот го започна со следниве 11-сетмина: Стојковски, Давков, Ѓоргоски, Сељанац, Јовановски, Давидовски (c), Стојчевски, Живков, Мирков, Стојановски, Хасани
Екипата на Сараево беше поконкретната екипа во првото полувреме, што беше за очекување, со оглед дека најголем дел од стартниот состав на домаќинот го сочинуваа играчи родени 2002 година. Вардарци одлично одиграа во првите 40 минути, покриваа по сите делови на теренот, а лесно можеше на полувреме резултатот да биде оној почетниот. Во првите 15 минути од дуелот, екипата на Сараево имаше два директни удари кон нашиот гол, но одбрани вардаровиот голман. После едно наше лошо исфрлање на топката, се создаде прилика за Сараево, во нашиот шеснаесетник фаулиран беше еден од противничките играчи, па судијата оправдано покажа на белата точка.
Голманот Лука Стојковски ја имаше топката, ударот беше упатен на негова десна страна, Лука се фрли, ја закачи со рацете, но сепак таа заврши во мрежата, што значеше и предност од 1:0. Црвено-црните имаа обид од слободен удар, нафрли Мирков, но голманот на Сараево реагира на време, пред таа да стигне до Стојановски. До крајот на првиот дел видовме опасен удар на Сараево, од околу 20 метри, сепак Стојковски брани, со врвот на прстите и топката оди во корнер. По првите 40 минути, противникот од Босна и Херцеговина има минимално водство.
После десет минути игра во вториот дел, во игра влегоа Трпезановски, Алими и Андрески, на местото на Живков, Јовановски и Хасани. Токму нововелезениот Алими имаше опасен удар, но за малку над голот. Сепак во следната акција, Сараево го зголемува резултатот на 2:0, со голот на Тарик Рамиќ. Ние пробавме да го смениме текот на дуелот со нови измени. Во игра влегоа Ѓорѓиевски и Марковски, на местото на Давков и Стојчевски, домаќинот исто така освежи со “џокери“ од клупата. До крајот имаше една шанса за одбележување тоа беше обидот на нашиот играч Алими, неговиот удар заврши над гол. Овој турнир го започнавме со пораз, дуелот заврши 2-0 за Сараево.
Следен ривал ни е тимот на Локомотива Загреб, мечот се игра утре на истиот стадион