Левиот бек на Вардар, Жуниор Реис Родригез по само шест месеци си заминува од Скопје и кариерата ќе ја продолжи во Партизан.
Иако Бразилецот потпиша договор со Вардар на 1+1 сезона, сепак, поради големиот проблем на Вардарци, поради не исплатени плати, Жуниор Реис Родригез како слободен фудбалер заминува и доаѓа во Белград по барање на Саво Милошевиќ, тренерот на „црно-белите”.
Oва е уште еден голем удар за тимот на Вардар, ако се знае дека два трансфер периода нашиот тим нема да може да купува нови фудбалери.
Од Вардар си заминаа и Фелипе и Лира.