Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (Фото+Видео) „Лавиците“ го одиграа последниот меч во супер успешната сезона, ривал на пионерките нивните најголеми поддржувачи- родителите
(Фото+Видео) „Лавиците“ го одиграа последниот меч во супер успешната сезона, ривал  на пионерките нивните најголеми поддржувачи- родителите

(Фото+Видео) „Лавиците“ го одиграа последниот меч во супер успешната сезона, ривал на пионерките нивните најголеми поддржувачи- родителите

Пионерската екипа на ЖРК Вардар вчера ја “спушти“ завесата на супер успешната сезона 2018/2019 година. Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева освоиа се на што се појавија како екипа оваа сезона. Најпрвин беа “златни“ на меѓународниот турнир “Гази Баба Куп“, потоа дојдоа до пехарот и на силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“. Во земјава тие поставија нови граници на домашна сцена.

gg9

Па така во пионерската лига со максимален број победи во групата и на Ф-4 дојдоа до насловот на завршница која се играше во Делчево. Следеше “невозможната“ мисија кадетската лига каде излегоа на мегдан со повозрасни екипи. Овој тим на пеколни девојки кои имаат огромни срца не се плашеше од ништо, се “изгази“ пред себе оваа пролет во групата. Девојките добиа епитет “Лавици“ следеше завршниот турнир каде не се вбројуваа во фаворитите, сепак со две блескави победи дојдоа до кадетската титула. Вчера тие го имаа последниот натпревар оваа сезона, ревиален дуел одиграа во СЦ “Јане Сандански“.

На мегдан ги имаа своите родители, се одигра еден опуштен натпревар полн со позитивна енергија и дружење. Тие како што се одлични ракометарки така се и прекрасни и одлични ќерки па им дозволија повеќе простор на родителите да ги прикажат ракометната вештина. Оние најзаслужните во нивните животи кои ги изведуваат на прав пат како родители, кои се неуморни поддржувачи на сите нивни натревари ја имаа честа да играат против пионерско/кадетските шампионки на Македонија.

.