Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите го завршија настапот во ¼-финалето, минимален пораз од Шкупи
Пионерите го завршија настапот во ¼-финалето, минимален пораз од Шкупи

Пионерите го завршија настапот во ¼-финалето, минимален пораз од Шкупи

ФК Вардар во рамки на ¼-финалето од Купот за пионери, гостуваше кај Шкупи во населба Бутел. Според  првилата во ова натпреварување се играше една средба која до даде патникот во топ-4 во оваа генерација. Домаќинот со минимални, но доволни 1-0 (1-0) обезбеди пласман понатака.

340122809_2205147133005954_72468804042592725_n

Вардар: Краљевски Максим,  Спасовски Милош, Ајетовиќ Нуман,  Јанкоски Драган,  Лефковски Давор , Танчев Михаил (К), Гаштаров Матеј, Алексовски Дамјан,  Бектеши Хабиб, Николовски Марко и  Миовски Александар.

339132440_905149294082828_874242259735543602_n

Домашинот успеа доста рано на самиот почеток на ова средба да погоди за предност од 0-1. Ние тргнавме во офанзива со цел изедначување, прва одлична шанса за црвено-црните пионери имаше Бектеши Хабиб. Имавме неколку прилики до крајот на првиот дел да дојдеме до резултатска симетрија, сепак за жал на одмор заминавме со негатива. Најпрвин Ајетовиќ Нуман упати шут од слободен удар кој голманот на домаќините го исфрли во корна, истиот играч одлично го изведе ударот од аголот на игралиштето. Топката дојде до Милош Спасовски кој биеше со глава, сепак среќата не беше на наша страна. Последен во низата на шанси за нас се впиша Миовски Александар, сепак и по оваа прилика не израмнивме.

2

На почетокот на вториот дел црвено-црните први се заканија на оваа Куп средба, Милош Спасовски упати удар кој го одбрани домашниот голман. Иако и во овој период имавме шанси, сепак патникот во полуфиналето од Купот на Република Македонија за пионери го реши голот на Шкупи од 2-та минута на средбата.

1

Кај нас во игра во вториот дел влегоа: Туша Харбин ,  Цониќ Максим, Анастасов и  Галевски Кристијан.