Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација 2006 на Вардар загуби од Шкендија на контролен натпревар
Генерација 2006 на Вардар загуби од Шкендија на контролен натпревар

Генерација 2006 на Вардар загуби од Шкендија на контролен натпревар

Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, пријателски натпревар со екипата на Шкендија одигра генерацијата 2006 на Вардар. На дуел со две различни полувремиња, на крајот како победник излезе тетовскиот тим кој славеше со конечен резултат од 3:6, иако Вардар на полувреме имаше водство од 3:0.

Ние започнавме одлично, имавме инцијатива на оваа средба. Прва прилика имавме преку Лефковски Давор. Потоа се закани Нуман, излезе „очи во очи“ со чуварот на мрежата на тетовчани кој одбрани. Конечно дојде погодокот како награда за нашата добро игра, Нуредини исфрли од игра два чувара подаде до Лефковски Давор кој шутна силно под гредата за 1-0. Величковски упати одличен удар над гредата од 20.метра, за само неколку сантиметри топката не заврши во мрежата. Успеавме да удвоиме преку Нуман Ајетовиќ, тој стрелаше за 2-0. Противникот се закани, на нашиот гол одличен беше Краљевски. Нуредини погоди за резултат 3-0, со кој заминавме на одмор на овој пријателски дуел.

4 1 2 3

Нашиот тим имаше голем број замени на почетокот на вториот дел. Тетовчани се заканија на почетокот, Андреј Данстак успеа да скроти два удари. Со два брзи гола Шкендија дојде на минимална негатива 3-2 по 15.минути игра. Се обидовме да се вратиме на два позитива преку Лефковски и Ајетовиќ. Дојде и резултатска симетрија 3-3, од пенал гостите изедначија. Танчев се обиде, во продолжение, имавме две големи шанси за да поведеме, најпрвин капитенот Порчу одлично мина и нафрли, со волеј Лефковски шутна силно крај левиот директ. Потоа Михаил Николов се обиде со удар од дистанца. Противникот погоди до крај неколку пати и победи со 3-6 на оваа “контролка“.

5 6