Денес во салата „26 април“ во Гевгелија тимот на ЖРК Вардар гостуваше кај истоимената екипа од тој град. Онака како што очекувавме ја оправдавме фаворитската улога и дојдовме до победа. Девојките на Драгана Ристова и Царчев Александар триумфираа со резултат 24-29. Триумфот дојде по пресврт во вториот дел кои го започнавме со негатива 14-13.
Првиот дел од оваа 3.рунда оваа пролет отворивме одлично со 1-4, Трпевска и Диневска беа расположени. Домаќинот успеа да направи рамнотежа и полека да се враќа во дуелот, влегоа во серија и дојдоа до реми (9-9). Потоа преминаа во водство и заминаа на одмор со позитива 14-13. Ние имавме негатива и цел втор дел за евентуален пресврт.
Вториот период од 30.минути го отворивме со серија и веднаш ја презенавме инцијативата, по серија 1-4 поведовме со 15-17. Таа предност не сакавме и не дадовме да ни ја анулираат. Постојано бевме подобри во поле од минута во минута ја зголемувавме предноста која дојде и до плус пет. Победивме на овој важен меч со 24-29. Одлично ја отворивме пролета со две победи, идната недела во 3.коло во 2021 сме домаќини на Спартак.
Во составот на црвено-црните овој дуел Трпевска Ивона беше прв стрелец со 9.гола. Одлично беа со по 5.погодоци Миновска Сара и Дамјаноска Катерина, капитенот Диневска погоди 4.пати. Три гола имаше најмалата Стефаноска Сара.
Кај голманите Трајкоска Јована забележа 6 одбрани и Илиќ Андреа впиша 6.одбрани.