Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Прв пораз сезонава за пионерите, Работнички подобар во дербито
Прв пораз сезонава за пионерите, Работнички подобар во дербито

Прв пораз сезонава за пионерите, Работнички подобар во дербито

Пионерите се поразени во дербито на 7.коло од екипата на Работнички. Напреварот кој денес се одигра на теренот на Алумина заврши во корист на домашниот тим кој славеше со резултат 4:1 (2:0).

Градскиот ривал ги искористи своите шанси во првиот дел и на одмор замина со солидна предност од 2:0, со погодоци во 14 и 45.минута од натпреварот. Ние во овој дел имавме неколку обиди, но без реализација.

Надеж дека можеме да стигнеме до поволен резултат ни донесе нововлезениот Стефан Атанасовски, кој во 72.минута после центар шут од прекин на Дамевски, успеа со глава да ја погоди мрежата на домаќинот и да го намали резултатот на 2:1. После овој погодок, целосно се отворивме, со цел да го израмниме резултатот, сепак Работнички во 87.минута постигна гол за 3:1, за во судиското надополнување да ги постави конечните 4:1 на натпреварот во пионерската супер лига. Ова беше прв пораз сезонава за избраниците на Димо Мушу.

Вардар: Лука Грчевски, Алексеј Ивановски, Фуад Керими, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски (К), Ненад Стојанчевски, Кристијан Каруловски, Гаврил Петаноски Стојанов, Марко Џолев, Гоце Трајчевски, Филип Дамевски.

Играа уште и Петар Котевски, Стефан Атанасовски, Филип Стефанов, Миле Дрогрешки.