Кадетите на Вардар на домашен терен во Кадино беа домаќини на Работнички. На оваа средба гостинот победи со 1-4 (1-2).
Во првиот половина час се играше претежно на средината на теренот со спорадични прилики на двете страни, гостинот во 11.минута поведе со 0-1. Вардарци се обидуваа да дојдат до резулатска симетрија на оваа средба. Во 32.минута беше досуден слободен удар за кадетите на Вардар на 20-сетина метра, топката ја зема Смиљков Филип упати силен удар во долниот дел од голот и погоди за реми 1-1. Имавме голема среќа четири минути потоа кога Работнички ја погоди нашата десна статива. Најголема шанса во првиот дел за целосен пресврт на црвено-црните имаше Бектеши Хабиб, чиј удар за малце не заврши во голот. Дојде казната „романтичарите“ поведоа пред крајот на првиот дел со 1-2, резултат со кој се замина на одмор.
Во вториот дел не успеавме да израмниме, противникот најпрвин во 56.минута поведе со два гола предност, односно со резултат 1-3. На 20.минути до крајот беа поставени конечните 1-4 на ова средба од 7.коло во кадетската супер лига.
ВАРДАР: Краљевски Максим, Поповски Мичо, Атанасовски Лука (К), Туша Харбин, Бектеши Хабиб, Галевски Кристијан, Настевски Ангел, Радески Златко, Смиљков Филип, Спасовски Милош и Шаботиќ Емир
Играа уште: Спасовски Дамјан, Крстевски Марко, Танчев Михаил, Цековски Давид, Ѓорѓиевски Матеј и Миовски Александар.