Во недела (22.10), на програмата е големото ракометно дерби, меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар.
Натпреварот ќе започне од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Најдобрите македонски судии ќе бидат задолжени за правдата на овој натпревар, се работи за Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Вардар е на лидерската позиција во групата Б, со максимални 21.освоени бодови, додека Еурофарм Пелистер има 18 бодови. Првиот натпревар одигран во СЦ.Јане Сандански го доби Вардар со резултат 30:25.