Денес, на теренот на Академијата пионерите на ФК Вардар беа домаќини на екипата од Струмица, тимот на Академија Пандев. Противникот од Струмица ги освои бодовите триумфирајќи со резултат 1:2.
Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Илиевски Леонид, Ивановски Лука, Таневски Кристијан, Љушев Давид, Анчевски Никола, Попов Горазд, Јакимовски Лука, Туша Агрон, Bеселинов Матеј, Цикарски Дамјан, Хајдари Исмет.
Екипата на Академија Пандев по првото полувреме имаше минимално водство од 0:1. Одличен гол постигна противничкиот играч кој од 20 метри го совлада нашиот голман. Силен и прецизен удар, навистина беше тешко да се одбрани овој удар. Вардарци немаа некоја сериозна шанса кон противничкиот гол во овој дел од дуелот, во кој останавме и без капитенот Давид Љушев кој поради приговор му беше доделен црвен картон. Во првото полувреме, гостите се заканија со уште еден силен удар, но одбрани нашиот голман,Леонид Илиевски. На полувреме резултатот беше 0:1.
Со оглед дека игравме со играч помалку, тешко беше да се стигне до позитивен резултат на овој натпревар. Екипата на Академија Пандев постигна уште еден гол и зголеми на 0:2. Иако бевме помалку на теренот, сепак не се предадовме, дадовме максимум до самиот крај на натпреварот. После нафрлена топка од прекин, во противничкиот шеснаесетник, Теодор Перковски со глава немаше среќа и ја погоди само гредата од противничкиот гол. Се играа последните минути од натпреварот кога Левент Ибраим успеа да го совлада голманот на струмичани и да намали на 1:2. Имавме уште една прилика од корнер, но немаше опасност по гоот. Крај на натпреварот и победа за екипата на Академија Пандев.
Во игра влегоа уште и Наум Ангелов, Андреј Петровски, Сандро Каровски, Левент Ибраим, Томислав Филиповски и Теодор Перковски.