Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Само „чудо“ може да го спаси Вардар од опстанок, градското дерби му припадна на Работнички
Само „чудо“ може да го спаси Вардар од опстанок, градското дерби му припадна на Работнички

Само „чудо“ може да го спаси Вардар од опстанок, градското дерби му припадна на Работнички

Вардар го загуби и натпреварот против екипата на Работнички и се наоѓа многу блиску до испаѓање од првата македонска фудбалска лига. Денес на градскиот стадион во „градското дерби“ Вардар беше поразен од Работнички со резултат 1:3.

Во првото полувреме, противникот се стекна со предност од 0:2, со головите на Силјановски во 12 минута и на Ѓурѓевиќ во 26 минута од натпреварот. Во овој дел од мечот, момците на Илиевски немаа некоја конректна шанса да го загрозат голот на гостинскиот тим.

Во второто полувреме покажавме некаква желба дека можеме да постигнеме гол, но немавме среќа кога во 55 минута Велкоски со глава ја погоди стативата од голот на Работнички, после нафрлена топка од десната страна, за после само една минута и Филип Петковски да има обид со глава во противничкиот шеснаесетник, но топката заврши крај голот. Претходно во 50.минута беше направена измена во нашите редови, од игра излезе Радуловиќ-Величковиќ, додека на негово место влезе Петејчук. Работнички во 57 минута, веднаш после нашите неискористени прилики, успеа да не казни со нов гол. Откако во истата акција беше погодена пречката од нашиот гол, после центар шут од десната страна, со глава погоди Јевтоски за водство од 0:3. Во игра кај Вардар влегоа уште и Гугуљанов и Стојановски, а во 75 минута видовме и директен удар по голот на противникот, но ништо опасно за голманот на Работнички кој го одбрани ударот.Во 84 минута постигнавме гол, но само за ублажување на поразот, после една мешаница во противничкиот шеснасетник најснаодлив беше Анатолиј Петејчук кој погоди за 1:3, инаку ова е деби гол за младиот играч во сениорскиот тим. Ова беше и конечен резултат на натпреварот.

Откако во денешното коло, победа забележа екипата на Ренова во дуелот со Беласица, на две кола пред крајот „гипсарите“ имаат 4 бода повеќе од Вардар на позицијата која водеше во баражот за опстанок. Во ваква ситуација само чудо големо може да го спаси Вардар од избегнување на претпоследното место кое носи во втората лига од следната натпреварувачка сезона.