Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шок пораз за Вардар во Кратово
Шок пораз за Вардар во Кратово

Шок пораз за Вардар во Кратово

Шок… прв пораз во 2016 година за Вардар и тоа во многу незгоден момент, денеска во Кратово бевме поразен од Силекс, сега сме на +2 во однос на Шкендија, која во наредното коло ни гостува. Вардар на гостувањето во Кратово истрча во следниот состав: 28. Пачовски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 16. Глигоров, 18. Ќеран, 19, Хамбарџумјан, 21. Новак, 22. Ивановски, 70. Фелипе, 97. Петковски, 99. Којашевиќ. РЕЗЕРВИ: 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 10. Дашјан, 14. Велковски, 17. Стојков, 87. Грозданоски. Натпреварот и првиот дел завршија многу лошо за нашиот тим, не паметиме кога последен пат за едно полувреме во ПМФЛ сме примиле два гола. Во 7 минута Пановски погоди за голем шок, и водство на домаќинот од 1:0, но за помалку од 10-сетина минути, преку Грнчаров израмнивме на 1:1. Потоа следуваше игра на средината на теренот, како и многу натпревари Вардар немаше идеја на средината на тернот. Дојде и вториот гол на Силекс по еден контра напад Недељковиќ зголеми на 2:1. До крајот на првиот дел убава шанса имаше Којашевиќ но не реализираше, во 41 минута беше досуден пенал за Вардар, а Драган Ќеран не успеа да погоди, голманот на Силекс му го одбрани тој удар.

Во вториот дел влезе Грозданоски на местото на Петковски во 46 минута. Вардар започна исто како во првиот дел, како да имаше цел што побрзо само да заврши натпреварот.  Во 66 минута влезе и Љамчевски на местото на Новак но ни тоа не донесе некоја голема промена во играта на Вардар. Наидовме на мотивиран противник кој оваа сезона игра одлично на својот терен. Се случи и најлошото во 72 минута Хамбарџумјан доби црвен картон, ова ќе биде и голем хендикеп за Вардар кој во следното коло ќе неможе да сметаат на него. Во 76 минута Силекс постигна и трет погодок денеска. Дефинитивно на нашите играчи нешто им недостасуваше на овој натпревар, Дурански погоди за 3:1 и точка на овој натпревар. На местото на Никола Глигоров во 77. минута влезе Ацо Стојков но ни тоа не донесе ништо ново, Вардар до крајот напаѓаше но само со долги топки, кои никако не беа закана за одличниот голман на Силекс. Гол за Вардар 89 минута се играше погоди Којашевиќ од пенал за 3:2. Kаква шанса промаши Вардар при крајот на мечот… Крај, голем шок во Кратово, одземени се три големи бодови за нашиот шампион. Се надеваме дека ова ќе биде само една опомена за подобра игра да прикажува нашиот миленик во иднина.