Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за Академија-2 над Академија-1 во машка и женска конкуренција во генер. 98/99 во Јуниор лигата
Победи за Академија-2 над Академија-1 во машка и женска конкуренција во генер. 98/99 во Јуниор лигата
ТИМОТ НА АКАДЕМИЈА-2!

Победи за Академија-2 над Академија-1 во машка и женска конкуренција во генер. 98/99 во Јуниор лигата

Вчера на програмата  беа мечевите во ракометната вардарова “Јуниор“ лига која се играше во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“. Во мечот во женска конкуренција за рекометарки родени  1998/1999 се сретнаа Академија-1 и Академија-2. Поуспешен тим беше екипата на Академија-2 која однесе победа со 21-8.  Исто така и кај момчињата родени 1998/99   се сретнаа екипите на Академија-1 и Академија-2. И овде поуспешна беше екипата на Академија-2 со тесен резулат 32-30. Од овие два меча може да погледнете фотогалерии на нашиот сајт, Вардар фанс. За девојките може да погледнете фотографии ТУКА, а за момчињата најитересните моменти моменти може да ги погледнете - ТУКА.

Девојките родени 1998/99 одиграа меч во кој целосно доминираше екипата на Академија-2, во текот на двете полувремиња и во сите аспекти на ракометната игра. Тие почнаа динамично уште во првиот дел одиграа цврста одбрана одбраниа пет напада, а од исто толку постигнаа четири погодоци за 4-0 на стартот. Академија-1 во следните 2-3 минути првпат одигра период во кој беа поуспешни, примиа еден гол, а погодија двапати што беше единствено светло во нивната игра во првиот дел. Академија-2 веднаш тргна во офанзива, заигра подобро во одбраната и направи нова серија 4-0 за највисоки плус седум, 9-2. До крајот на првиот период се играше гол за гол и на одмор се замина со резулат 11-4.  Академија-2 го почна вториот дел како што го почна и првиот со серија 3-0 и отиде на двоцифрена преднос 14-4. Академија-1 успеа конечно да даде почесен погодок во вториот дел, но за нивна жал следеше серија 3-0 во нивната мрежа, за предност 17-5 за девојките од Академија-2. До крајот се беше формалност победникот познат, Академија-1 воопшто немаше шанси, но и желба за нешто повеќе.  Мечот заврши со резулат 21-8.   Величковска и Јованчевска во победничкиот табор беа најефикасни со по 4 гола, а кај Академија-1 најефикасна Зарковска.

Екипата на Академија-2!

Екипата на Академија-2!

Момчињата одиграа еден навистина динамичен, интересен, ефикасне и возбудлив меч. Во истиот имаше постигнато дури 62 погодока, а резулатот беше изедначуван многу често. Академија-1 поведе прва со 0-1 на овој дуел. По само неколку минути резулатот беше 3-3.  По овој момент Академија-2 направи серија 3-0 и првпат се одлепи на плус три на дуелот. Следеше игра во продолжение гол за гол на двете страни и предноста од три гола за Академија-2 остана се резултатот 12-9. Клупата на Академија-1 повика тајм-аут  по кој до крајот на полувремето одиграа подобро и заминаа со минимална негатива 16-15. Вториот дел почна со по пет погодоци во двете мрежи, предноста остана еден гол до резулатот 21-20. Тука на сцена стапи Академија-2 со серија 4-1 и првпат на мечот отидоа на плус четири. Оваа предност ја задржаа во наредните десет минути на исто ниво. Во последните  минути Академија-1 прави серија од 2-5 и успева да го ублажи поразот на 32-30. Најефикасни кај победникот беа Стојчевски со 8 гола, а кај поразените Насковски со 5 гола.