Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Порази за кадетите и младинците од екипата на Академија Пандев
Порази за кадетите и младинците од екипата на Академија Пандев

Порази за кадетите и младинците од екипата на Академија Пандев

Кадетите и младинците се поразени на натпреварите од 19.коло во Супер Лигата од екипата на Академија Пандев. Денес нашите екипи гостуваа во Струмица, натпревари на кои до бодови дојде домашниот тим.

Кадетите се поразени со резултат 3:1, а на полувреме резултатот беше 2:1. Ние ја имавме првата голема прилика да го отвориме резултатот, после центар шут од корнер на Николовски, во ситуација да го загрози голот се најде Давор Лефковски кој немаше среќа откако ја погоди пречката од голот на струмичани. Екипата на Академија Пандев успеа да поведе со 1:0 во 14.минута, додека Вардар израмни на 1:1 со голот на Марко Николовски во 20 минута, после почетна грешка на еден од противничките стопер и лошо исфрлање, Николовски ја искористи шансата да се запише во листата на стрелци. До крајот на првиот дел, односно во 29.минута пандевци ја вратија предноста и на полувреме се замина со резултат 2:1.

Во вториот дел имавме неколку обиди кон противничкиот гол, но не успеавме да го израмниме резултатот, затоа во 75.минута домашниот тим зголеми на 3:1, резултат кој беше конечен на овој натпревар во кадетската Супер лига.

Вардар: Леонид Илиевски (К), Лука Атанасовски, Андреј Петровски, Давор Лефковски, Михаил Танчев, Марко Николовски, Бојан Јаневски, Харбин Туша, Христијан Стојановски, Емир Шаботиќ и Милош Спасовски.

Играа уште и Давид Цековски, Максим Цониќ и Матеј Ѓорѓиевски.

Младинците се високо поразени со резултат 6:1. Уште по првото полувреме екипата на Академија Пандев се стекна со висока предност од 3:0, со голови во 14. 26. и 30 минута.

Во вториот дел го зголемија резултатот и на 5:0, со погодоци во 55. и 63 минута, за ние преку Филип Јовановски во 79.минута да го намалиме резултатот на 5:1. Во 86.минута со уште еден гол во нашата мрежа беше поставен конечниот резултат од 6:1.

Вардар: Илија Апостоловски, Зоран Фидановски, Рами Рахми, Филип Радевски, Лука Јакимовски, Виктор Стефановиќ, Симеон Здравковски (К), Михаил Кузмановски, Никола Уневски, Матеј Митревски, Кристијан Галевски.

Играа уште и Димитар Стојановски и Филип Јовановски.