Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Порази за кадетите и младинците на ФК Вардар на гостувањето кај Македонија Ѓ.П
Порази за кадетите и младинците на ФК Вардар на гостувањето кај Македонија Ѓ.П

Порази за кадетите и младинците на ФК Вардар на гостувањето кај Македонија Ѓ.П

Кадетите се поразени со резултат 3:1 од екипата на Македонија
Ѓ.П, на натпревар од 17.коло во Супер Лигата. Денес гостувавме во Ѓорче на овој противник од кој бевме поразени со резултат 3:1 (1:0)

Игравме добро во првите 15.минути, но потоа падна нашето темпо на игра, а домашниот тим го отвори резултатот за 1:0 во 21.минута од натпреварот. Немавме некоја посериозна шанса во овој дел од натпреварот, освен неколку удари од далечина, како и од прекин, но на полувреме домашниот тим беше во минимална предност од 1:0.

На стартот на вториот дел, екипата на Македонија Ѓ.П успеа да зголеми и на 2:0, додека во 57.минута имаа и високи 3:0, по што беше јасно кој ќе стигне до бодовите на овој натпревар од Кадетската Супер Лига. Во 82.минута постигнавме почесен гол преку Давор Лефковски кој погоди од белата точка, откако претходно во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Гаштаров

Вардар: Леонид Илиевски (К), Хабиб Бектеши, Хадис Рамани, Драган Јанкоски, Андреј Петровски, Лука Јакимовски, Давор Лефковски, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Кристијан Галевски и Харбин Туша.

Играа уште и Андреј Данстак, Михаил Танчев, Бојан Јаневски, Максим Цониќ.

Минимален пораз за младинците, на натпревар од 17.коло во Супер Лигата на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П. Домашниот тим оствари победа со резултат 1:0 (0:0).

Се играше цврст натпревар, без некои големи шанси на двете страни, а одлучувачкиот момент се случи во 70.минута кога после еден контра напад, домаќинот постигна гол преку довчерашниот наш играч, Никола Анчевски, кој ја погоди нашата мрежа и ги постави конечните 1:0 на овој натпревар.

Тренерот Борче Христов на полувреме мораше да направи три принудни замени и од игра да ги повлече Серафимов, Цветков и Стојилевски, кои заминаа со првиот тим за Охрид, каде вечерва ќе бидат во карантин пред утрешниот натпревар со Воска.

Вардар: Никола Филевски, Давор Серафимов, Марко Стојилевски (К), Влатко Кулуковски, Огнен Здравковски, Зоран Фидановски, Михаил Кузмановски, Симеон Здравковски, Горјан Цветков, Тино Спасиќ, Филип Јовановски.

Играа уште и Нуман Ајетовиќ, Максим Бундалески, Матеј Митревски, Никола Уневски и Кристијан Галевски.