Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Висока победа за кадетите на РК Вардар, на натпревар против екипата на Скопје
Висока победа за кадетите на РК Вардар, на натпревар против екипата на Скопје

Висока победа за кадетите на РК Вардар, на натпревар против екипата на Скопје

Кадетите на РК Вардар стигнаа до убедлива победа, на натпревар од 16.коло во групата А на кадетската лига. Избраниците на Зоран Петковски успеаа да слават висока победа на дуел против екипата на РК Скопје со резултат 42:27.

339981975_162555689782272_1586232154697571879_n

Екипата на Скопје го отвори резултатот, но вардарци вратија со серија од три последователни голови и зголемија на 3:1. Во текот на целото прво полувреме, Вардар имаше постојано предност, која во еден момент достигна и пет гола разлика. Последното израмнување беше при резултат 3:3, за ние да направиме нова серија и да поведеме со 7:4. Се играше брзо, темпо на кое подобро реагираа избраниците на Зоран Петковски. Екипата на Скопје во првиот дел одржуваше резултатска неизвесност и не дозволи некако Вардар се одлепи на голема разлика, иако во еден момент беше 16:11, сепак на полувреме се замина само со три гола предност за нашиот состав, резултатот по 30 минути игра гласеше 17:14.

Во вториот дел, Скопје немаше сила да парира на вардаровите кадети, кои отворија со два гола во серија и ги вратија оние највисоки пет гола позитива од првото полувреме. Како одминуваше натпреварот, постепено растеше разликата во корист на вардарци, кои во 40 минута имаа и предност од 27:20. Избраниците на Будимир не успеаа да се вратат во игра, а залетаниот Вардар поведе и со двоцифрена разлика, кога резултатот на семафорот во спортската сала „Круме Кепески“ гласеше 33:23. Петковски им даде шанса на сите играчи кои беа на располагање за овој натпревар, остатокот од натпреварот беше само рутина, а единствена дилема беше каков ќе биде конечниот резултат. На крајот испадна и многу висока победа, изразена со 15 гола разлика, или конечни 42:27 во корист на Вардар.

Најефикасен на натпреварот беше Петар Илиевски со 10 постигнати голови, додека кај Вардар во листата на стрелци се запишуваа уште и Томислав Стаменков и Ангел Столески со по 6 постигнати голови, Лука Најдовски имаше 5, Никола Жузелов, Матеј Тевдовски и Никола Нечовски додадоа по 4, додека по 1 гол беа дело на Виктор Ванчевски, Матеј Новаковски и Давид Саздовски.