Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Порази со идентичен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, во соочувањето со А.Пандев
Порази со идентичен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, во соочувањето со А.Пандев

Порази со идентичен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, во соочувањето со А.Пандев

Пионерските екипи денес со идентичен резултат 1:2 беа поразени од екипата на Академија Пандев, на натпревари од 19.коло во Супер Лигата, кои се одиграа на теренот во Пржино.

Помладите пионери останаа без бодови во дуелот со струмичани. Екипата на Академија Пандев ги искористи своите шанси на овој натпревар и стигна до три бода, ние можеме да жалиме за пропуштените прилики и тоа што не освоивме барем бод на овој натпревар.

Уште во 6.минута од натпреварот, гостинската екипа од Струмица успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, после центар шут од прекин на втора статива, топката од стативата го погоди голманот Јаневски и заврши во нашата мрежа. Во 18.минута со удар од белата точка, противникот успеа да го зголеми резултатот и на 0:2. Ние имавме добра можност да се вратиме во игра, но ударот на Антонијо Крстевски заврши во стативата. Играта беше на нашата страна во овој период, имавме уште една добра шанса за погодок, кога Михаил Јорданоски излезе очи во очи со голманот, но биеше само над голот, па на полувреме, се замина со резултат 0:2.

Нова прилика за намалување на резултатот, откако беше досуден пенал, но Антонијо Крстевски не успеа да реализира, па остана предноста од два гола во корист на пандевци. Во 79.минута со прекрасен гол од слободен удар, Антонијо Крстевски, успеа да го намали резултатот на 1:2. Имавме уште една добра шанса за израмнување на резултатот, кога Петар Давитов со удар со глава ја погоди пречката од голот на струмичани. На крајот бодовите заминаа во Струмица.

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Филип Смиљков, Марко Крстевски, Петар Котевски, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Кристијан Каруловски, Антонијо Крстевски, Златко Радевски, Филип Дамевски.

Играа уште и Јован Ѓорѓиески, Петар Давитов, Филип Стефанов, Иван Стојановиќ, Бобан Бакрачески, Матеј Стаменковски и Никола Јовановски.

Пораз со резултат 1:2 доживеаа и пионерите. И на овој натпревар, екипата од Струмица имаше на полувреме водство од 0:2, со голови во 3 и 33.минута. Ние во вториот дел, во 49 минута преку Максим Цониќ го намаливме резултатот на 1:2, кој на крајот се покажа и како конечен. Имавме уште неколку обиди да стигнеме до бод, но не реализиравме.

Вардар: Максим Краљевски, Нуман Ајетовиќ, Драган Јанкоски, Давор Лефковски, Максим Цониќ, Матеј Гаштаров, Михаил Танчев (К), Дамјан Алексовски, Матеј Ѓорѓиевски, Марко Николовски, Хабиб Бектеши.

Играа и Мирза Хасиќ и Давид Цековски.