Во саботата своето 11. првенствено коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар кои беа поразени на гостувањето во Тетово од екипата на Шкендија и на тој начин го загубија лидерското место во своите лиги.
Помладите пионери на Вардар иако први го отворија резултатот, дозволија во продолжение од мечот да примат три гола, а до крајот на натпреварот само да го ублажат поразот (3:2). На тој начин паднавме на второто место на табелата, додека нов лидер е екипата на Работнички која пак славеше на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П. После ова коло, Работнички има 23 бодови, додека Вардар и Победа се на второто и третото место со 20 освоени бодови, додека четврта е Шкендија со 19 бодови.
Пионерите на Вардар пред само неколку кола имаат шест бода предност пред второпласираниот, а после поразот од Шкендија го изгубија првото место, сега таму е тимот на Академија Пандев. Неуспесите на домашен терен против екипи како Њу Старс и Македонија Ѓ.П, како и поразот во Тетово ги симнаа вардаровите пионери, кои сега имаат еден бод помалку од екипата на Академија Пандев, која во ова коло освои три бодови на гостувањето против Њу Старс. Ако нешто оди во прилог на Вардар во ова коло е и поразот на Работнички на гостински терен од Македонија Ѓ.П. Во пионерската супер лига првата позиција е за Академија Пандев со 22 бода, второ место е за Вардар со 21, следуваат Работнички и Шкендија со по 20 освоени бодови.
Во следното коло, пионерските екипи на Вардар се домаќини на екипата на Ренова.