Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Времето минато во Вардар беше неверојатно, не знам како ја освоивме ЛШ, но успеавме
Гонзалес: Времето минато во Вардар беше неверојатно, не знам како ја освоивме ЛШ, но успеавме

Гонзалес: Времето минато во Вардар беше неверојатно, не знам како ја освоивме ЛШ, но успеавме

Македонскиот селектор, Раул Гонзалес е во центарот на вниманието на европската ракометна јавност, тој како “кормилар“ на француски  ПСЖ има единствен 100% ефект по 8.кола во Лигата на шампионите. Медиа тимот на ЕХФ направи интервју со поранешниот вардаров стратег, природно дел од темата на разговорот беше Вардар и освојувањето на шампионската титула во ЛШ.

Првпат бев главен тренер во Вардар, но времето помина брзо. Се беше неверојатно во Вардар. Ја освоиме шампионската титула, не знам како, но успеавме. Македонија живее за ракометот. Бевме фокусирани само кон Лигата на шампионите, тука во Париз е различнo. На почетокот во Скопје се беше тешко, но потоа бевме се подобри. Ракометарите мора да го разберат она што го барам, но играме подобро- вели Раул во изјавата за ЕХФ ТВ.

*Целосното интервју за ЕХФ ТВ можете да го погледнете на следниот ЛИНК.