Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2007„ ќе игра во големото финале на “Гази Баба куп 2017„ генерациите “2005“ и “2006“ се полуфиналисти, додека генер. “2003“ загуби во 1/4
ФК Вардар генер. “2007„ ќе игра во големото финале на “Гази Баба куп 2017„ генерациите “2005“ и “2006“ се полуфиналисти, додека генер. “2003“ загуби во 1/4

ФК Вардар генер. “2007„ ќе игра во големото финале на “Гази Баба куп 2017„ генерациите “2005“ и “2006“ се полуфиналисти, додека генер. “2003“ загуби во 1/4

Утрово продолжија натпреварите на турнирот “Гази Баба Куп“ и тоа во рамките од четврфиналето. Три генерации на ФК Вардар ќе ги гледаме во полуфиналето, додека една веќе го “визираше„ својот пат кон големото финале на овој силен меѓународен турнир.

Генерацијата на Вардар родени “2003„ година за жал не успеаа да се пласираат во полуфиналето, откако беа поразени од своите врсници од Шкендија со резултат од 2:0.

Двете екипи на Вардаровата генерација “2005„ ќе играат во полуфиналето на турнирот, откако утрово беа подобри од своите противници на терените на фудбалската федерација на Македонија. Вардар (1) беше подобра од екипата на Победа со резултат од 3:0. На овој дуел Никола Величковски постигна два гола, додека еден беше дело на Матеј Гаштаров. Успешни беа и Вардар (2) кои минимално со резултат од 1:0 ја победија екипата на Мал Ајакс од Штип. Стрелец на единствениот гол вреден полуфинале беше Горјан Цветков.

Полуфинале во текот на денешниот ден ќе игра и Вардар кај генерацијата “2006„. Утрово избраниците на Игор Кралевски убедливо ја совладаа екипата на Ујпешт со резултат од 4:1. Стефан Коловски постигна два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Давид Голубов и Марко Николовски. Во оваа генерација Вардар во полуфиналето остана во друштво на Црвена Ѕвезда, Марибор и Хајдук.

Вардар (1) кај генерација “2007„ предводена од Томче Трајановски успеа да се пласира во големото финале на турнирот. Ова се нивните резултати во четврфиналето и полуфиналето:

1/4: Вардар (2) – Пелистер  1:2 стрелец: Емир Шаботиќ

1/4: Вардар (1) – Черноморец  5:1  Младеновски Стефан (2), Петар Мицевски (2), Александар Грашески.

1/2. Вардар (1) – Пелистер  2:0 Милош Спасовски и Стефан Младеновски