Во петок со почеток од 13 часот на фудбалскиот терен во н. Аеродром во близина на спортскиот центар Ј. Сандански ќе се одигра последниот натпревар во Б-лигата, од првиот дел на сезоната. Вардарци ќе бидат домаќини на екипата на Силекс од Кратово. И на овој дуел тимот ќе го предводи Љупчо Марковски со својата младинска екипа, која ќе биде дополнета со неколку играчи кои настапуваат за кадетите.
До овој дуел, црвено-црните одиграа вкупно шест натпревари, на кои беше забележена една победа (Работнички), два нерешени резултати (Брегалница и Металург) и два порази ( Шкендија и Тетекс). Во минатото коло, мечот не го дочека својот крај, откако дуелот во Чаир помеѓу Шкупи и Вардар беше прекинат. Причина беше срамното однесување на судијата Младеновски, на штета на нашиот состав. По заеднички договор, двете екипи одлучија да не го играат второто полувреме. Во Б-лигата, можност за настап се дава на младите играчи, кои ги покажуваат своите квалитети и се наметнуваат за избор во првиот тим. После овој натпревар, следува заслужен одмор и за нашите младинци и кадети, кои се дел од оваа лига на последните натпревари.