Младинките на Жрк Вардар го завршија првиот дел од сезоната во првенството на второто место. Лигата ја сочинува само седум ракометни екипи, од тука и малиот број на одиграни натпревари. На почетокот на сезоната, младинскиот состав на Вардар го засили Ана Иванова, која дојде од екипата на Овче Поле.
-Со оглед на тоа дека сум нов член во Вардар, можам да кажам дека има одлични услови и одлична работна атмосфера. Од страна на соиграчите бев веднаш прифатена, а исто така имав голема помош и поддршка од тренерот. Доаѓањето во клуб како што е Вардар за мене беше голем чекор, а воедно и голем предизвик бидејќи во овој клуб гледам иднина и перспектива.
Четири победи и два порази е учинокот за избраничките на Билјана Пецевска, во овој дел од натпреварувачката сезона. Се очекува екипата за недела дена да замине на турнир во Белград, како би одиграла квалитетни мечеви, кои се потребни за одржување на формата.
Во првиот дел од сезоната покажавме добра, задоволителна игра, но исто така имавме и разочарувачки пораз од Делчево. Поразот се должеше на наши грешки, но од секој пораз добиваме лекција и едно ново искуство. Противникот никогаш не треба да го потценуваме и преценуваме. Сигурна сум дека во вториот дел од сезоната на наш терен ќе издвојуваме победа. Исто така имавме пораз и од Металург, нашиот најголем конкурент за титулата. Но сега работиме уште понапорно и помотивирано за да ги поправиме нашите грешки од првата полусезона. Во втората полусезона сум сигурна дека нашите грешки и недостатоци ќе бидат надминати, а титулата ќе биде во наши раце, изјави Ана Иванова за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски