Денес во спортскиот центар Јане Сандански со почеток од 17:45 часот, нашиот ракометен шампион ќе го одигра последниот натпревар за оваа година, која полека изминува. Последен противник во сеха-лигата ќе биде екипата на Спартак Војпут од Србија. Црвено-црните имаат убава можност со триумф пред домашната публика да ја завршат годината и да се зацврстат на првтата позиција на табелата во ова натпреварување. Српскиот претставик се наоѓа на предпоследното место во сеха-лигата, со само три победи, еден нерешен резултат и дури десет порази. Првиот меч одигран во Србија, Вардарци го добија со убедлив резултат од 27:36. Спартак вчера одигра меч со со екипата на Макс Струмица и забележа триумф од 23:31.
Без дилеми, Вардар е голем фаворит на овој дуел и се очекува успешно да ја заокржи мини турнејата во оваа лига, која започна од Нови Сад, продолжи во Прешов и денес ќе заврши во Скопје. Интересно е да се види со кој состав ќе излезе на терен , Шпанскиот стручњак Раул Гонзалес кој ја ротираше екипата на претходните два споменати дуели во изминативе денови.
Да потсетиме дека првите две пласирани екипи во регуларниот дел ќе обезбедат директен пласман на завршниот турнир, додека екипите кои ќе се пласираат од 3-6 место дополнително ќе се борат за преостанатите две позиции. Во прилог ни одеше и победата на Веспрем во Загреб, против избраниците на Веселин Вујовиќ. Веспрем е сигурно број еден конкурент за таа прва позиција во регуларниот дел, додека црвено-црните би требало да бидат вториот тим кој директно ќе им се придружи на Ф4.