Вардар попладнево ќе го одигра последниот пријателски дуел на летните подготовки во Словенија. За крај Вардарци ќе одиграат уште еден дуел со тим од Словенија, овој пат со Цеље.
Цеље е словенечки прволигаш кој изминатата сезона ја заврши како петто пласиран со 30. бодови заостанување зад шампионот Олимпија. Кај Вардар денеска ќе отсуствуваат Виктор Јуфо и Бесар Исени кои на вчерашниот дуел со Херманштад добија повреди.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „З’Дежеле“ во Цеље со почеток во 18 часот. Екипата утре околу пладне од Љубљана се враќа во Скопје.