Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ремизираше со Цеље, Барсегјан во финишот промаши двe добри шанси за победа

Вардар ремизираше со Цеље, Барсегјан во финишот промаши двe добри шанси за победа

Тимот на Вардар одигра 1:1 со домаќинот Цеље на последните тест меч во Словенија. Вардар во првиот дел настапи со млади играчи и губеше, во вториот дел со влегувањето на неколку првотимци имавме шанса да победиме дури и со 1:3, но на два пати Барсегјан беше непрецизен и со резултат 1:1 заврши дуелот.

Во првиот дел пред се домаќинот ја имаше топката во свој посед и создаваше шанси, додека пак нашиот млад тим својата шанса ја чекаше од контри и полуконтри. Кога се чинеше дека на полувреме ќе се замине со 0:0 и дека овој млад тим успеа да се одбрани, во 45. минута по една одлична акција на домаќинот, еден нивни играч биеше крајно прецизно од над 20. метри за предност од 1:0 на Цеље.

fkv

Во вториот дел работите се сменија, со влегувањето на неколку нови играчи Вардар ја пронајде својата игра и почна да игра подобар фудбал. Тоа се исплатеше, па така во 66. минута со еден прекрасен гол од над 25.метри, Филип Најдовски израмни на 1:1. Со влегувањето на Брдаровски, Битанг, Мицевски, Барсегјан и Максимов, Вардар тргна и по комплетен пресврт. До крајот на мечот Вардар бараше начин да дојде и до втор гол, во 88. минута Барсегјан имаше одлична шанса да постигне гол, но еден негов удар заврши за малку крај голот на противникот. Со резултат 1:1 заврши денешниот дуел.

ЦЕЉЕ – ВАРДАР          1:1 (1:0)

Цеље, стадион: „З’Дежеле“.

Стрелци: 1:0 Печник 45’, 1:1 Најдовски 66’

Ж. Картони: Андрејашиќ (Ц) – Реџепи, Најдовски, Талески, Адем, Тодороски, Барсегјан (В).

ЦЕЉЕ: Рожман (46’ Лојен), Брецл (46’ Андрејашиќ), Стојиновиќ (46’ Жинко), Џиниќ (46’ Травнер), Видмајер (46’ Обрез), Цвек (46’ Бенедичиќ), Печник (46’ Крижан), Пунтаршек (46’ Новак), Штравс (46’ Пишек), Лотриќ (46’ Штраус), Визингер (46’ Коритник).

ВАРДАР: Гачевски, Тодороски, Тошевски (46’ Новак), Серафимов, Антовски (66’ Брдаровски), Најдовски (66’ Битанг), Адем, Реџепи (66’ Мицевски), Бериша (46’ Попзлатанов), Талески (66’ Барсегјан), Колевски (66’ Максимов).