Денес својот 54-ти роденден на подготовките во Словенија, прослави еден од тренерите во стручниот штаб на ФК Вардар. Се работи за Сашо Тодоровски, или популарниот “Рап-Тап“ кој денес има славенички ден. Претходните години, Тодоровски работеше во младинските категории на Вардар и важи за еден од најдобрите тренери и човек кој освои многу трофеи со младинските екипи.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН РАП-ТАП !