Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Македонија М16 со пет вардарци во ростерот го имаше првиот тренинг (ФОТО)
Кошарка: Македонија М16 со пет вардарци во ростерот го имаше првиот тренинг (ФОТО)

Кошарка: Македонија М16 со пет вардарци во ростерот го имаше првиот тренинг (ФОТО)

Почетокот на подготовките за Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години и официјално беше означен вчера напладне. Кадетските репрезентативци го одработија првиот тренинг, а во следните 40 дена ќе се подготвуваат за првенството кое ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина во периодот од 9. до 18. август.

Оваа репрезентација е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“ кој започна да се реализира пред две години.

712

Во периодот што следи, покрај подготовки во Скопје и во Маврово, кадетите ќе се пресметаат со соодветните возрасни селекции на Бугарија, Црна Гора и на Романија. На списокот  повикани за оваа селекција најдоа петмина играчи на црвено-црниот кошаркарски колектив.  Првиот собир се одржи во малата сала “Кале“, фотогрaфии од истиот може да погледнете- овде.