Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар повторно со моќен состав, 2/3 од момците остануваат засилени со четири нови имиња, но тоа не е се…
РК Вардар повторно со моќен состав, 2/3 од момците остануваат засилени со четири нови имиња, но тоа не е се…

РК Вардар повторно со моќен состав, 2/3 од момците остануваат засилени со четири нови имиња, но тоа не е се…

Фановите на РК Вардар по крајот на минатата сезона со најавените заминувања останаа во дилема како ќе изгледа и дали ќе има моќ нивниот љубимец во следната сезона. Сепак полека се потврдува и конципира тимот, кој изгледа поприлично одличен. Зачувавме голем дел од претходниот шампионски состав, нови имиња доаѓаат на испразените позиции. Покрај сега веќе потврдените имиња, во изјава на извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски тој вели дека Вардар сеуште се “гради“ и екипата во јули ќе биде комплетна. Тоа наговестува уште нови имиња.

Засега имаме солиден број играчи на располагање, односно 17 момци. На списокот на ракометари кои останаа од минатата сезона се наоѓаат: Стоилов, Дибиров, Борозан, Фереира, Шишкарев, Карачиќ, Ѓорѓески, Чупиќ, Војводиќ, Криштопанс, Поповски, Недановски, и Милиќ-Џамбо. Математички гледано скоро дветретини од тимот кој одигра две години на Ф4, и освои една европска круна ќе настапува и сезонава во нашиот тим. Покрај ова имааме уште четири веќе договорени имиња. Три од нив во јавна изјава ги потврди сопственикот г-н Сергеј Самсоненко, тој кажа дека оваа сезона за нас ќе настапат и голманот  Милосављев, повраткиот Сергеј  Горбок, меѓу новајлиите е и Дмитри Кисељев, млад и квалитетен руски бек. Покрај нив четврто име е среднииот бек, словенецот Сташ Скубе, истиот веќе е потврден официјално од ракометниот клуб Вардар на официјалниот сајт.

Овој тим на кормилото ќе го има Роберто Гарсија Парондо, шпански стручњак кој во Македонската ракометна селекција е  помошник на Раул Гонзалез, а имаше улога и на асистент на Дибирова во женскиот вардаров колектив. Едно од имињата кои се спомнуваат за ново засилување  на нашиот состав е пивотот на Барселона, Алексис Боргес. Тој би требал да биде  замена за Марсениќ, сепак времето ќе покаже наскоро дали тоа ќе се обвистини.