Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Последен викенд за трансфери, „црвено – црните” активни на пазарот
Последен викенд за трансфери, „црвено – црните” активни на пазарот

Последен викенд за трансфери, „црвено – црните” активни на пазарот

По овој викенд и дефинитивно ќе биде познато кои фудбалери и дали воопшто уште некој ќе го засили тимот на Вардар.

Трансфер периодот во нашата земја трае до понеделник вечер, а Вардар преговара со неколку играчи кои би можеле да го облечат „црвено – црниот” дрес.

Кире Маркоски веќе подолго време се споменува како засилување за Вардар. Во текот на овие два дена ќе биде познато дали овој одличен фудбалер ќе го засили нашиот тим.

На листата на можни засилувања на крајот од преодниот рок е и напаѓачот Игор Недељковиќ. Недељковиќ во овој момент е слободен фудбалер откако се раздели со тимот на Работнички.

Можна, но најмалку веројатна опција е враќањето на Јован Костовски во редовите на Вардар.

Од друга страна, пред извесен период известивме дека од Никола Ѓорѓев нема ништо и дека крилниот фудбалер и овој пат нема да го засили нашиот тим.

Останува да видиме што се ќе се случува овие денови во Вардар.