Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2010„ со победа и пораз во дуелите со екипата на Гроздановски
ФК Вардар генер. “2010„ со победа и пораз во дуелите со екипата на Гроздановски

ФК Вардар генер. “2010„ со победа и пораз во дуелите со екипата на Гроздановски

Денес на терените на ФФМ последното есенско коло во детската фудбалска лига го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2010„ година. Тие за противник го имаа тимот на Гроздановски, дуели на кои забележавме по една победа и пораз.

Вардар (1) успеа да стигне до нова победа откако со резултатски пресврт во вториот дел го совлада тимот на Гроздановски (1). На полувреме противникот беше тој кој имаше водство од 1:2. Сепак во второто полувреме, Вардар успеа да постигне дури пет голови и на крајот да триумфира со конечен резултат од 6:3. Во овој триумф Дарио Илиќ постигна два гола, по еден беа дело Стефан Ристиќ, Матеј Чедевски и Драган Гечев, додека еден авто гол си противникот.

Вардар (2) пак беше поразен во другиот дуел од екипата на Гроздановски (2) со резултат 2:3. По првото полувреме, Гроздановски имаше водство од 0:2. Подобра игра на вардарци во второто полувреме, во кое намаливме но недоволно за бодови. На крајот противникот триумфира со резултат 2:3. За Вардар стрелци на головите беа Максим Митревски и Лука Пацески.

Во следниот наш текст за оваа генерација ќе направиме комплетен преглед на есенскиот дел од сезоната со сите остварени резултати на двете екипи.