Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Панчев: Тука сме и спремни сме да соработуваме

Панчев: Тука сме и спремни сме да соработуваме

Дарко Панчев иако официјално сеуште е во директорска позиција на Вардар, скоро и да не се појави оваа есен на стадион. Панчев сега во изјава за српски „Новости”, вели дека е подготвен да му помогне на Вардар доколку било потребно.

„Се случуваат некои работи кои не се добри за клубот. Тие промени и исчекувањата не носат добро. Но, што да се прави. Тука сме со Илија Најдоски и спремни сме да соработуваме. Секако, доколку новите луѓе од Градот Скопје кои би требало да дојдат, сметаат дека со нашето искуство можеме да му помогнеме на клубот. Ако има интерес ќе седнеме и ќе се договориме”, рече Панчев меѓу другото во изјава за српски „Новости”.

- Оваа вест доаѓа токму на денот кога е се поизвесно дека Самсоненко ќе остане во Вардар барем до јуни.