Викендов се одигра 14.коло, воедно и последно од есенскиот дел во женската Супер лига. По крајот на истото следи зимската пауза во првенството кое продолжува на пролет. Во ова коло освен вардарки сите други екипи од првата половина на табелата забележаа победи. Ова се постигнатите резултати:
- Металург-ЦЕМС 45-16
- Куманово-Спартак 36-22
- Деспина-Гевгелија 31-21
- Стружанка-ВАРДАР 30-29
- Овче Поле-Пелистер 16-40
Вардарки гостуваа во Струга во ова коло, кај тимот на Стружанка и беа минимално поразени со 30-29. На оваа средба заминавме видно изморени од исцрпувачкиот дуел со Металург во младинската лига. Во истиот победивме со пресврт, се играше во предпладневен термин па девојките мораа да патуваат многу рано, против нас имавме и притисок од гледалиштето на кој не беа имуни ни делителите на правдата, сепак имавме шанси за победа до последните минути. Сепак она што е поважно на одмор заминуваме со место во топ-3 тимовите на табелата, нешто што за многумина беше неверојатно на почетокот од сезоната. Табелата по 14.кола изгледа вака: