Претстојниов викенд ќе се одигра последното коло во есенскиот дел од сезоната во младите фудбалски лиги. Вардаровите генерации за противник ја имаат екипата на Пелистер, во рамките на 10.коло.
Во сабота, пионерските екипи ќе гостуваат во Битола, на Градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“. Натпреварите ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Во недела на спортскиот комплекс во Хиподром, нашите кадети и младинци се домаќини на Пелистер, во истите саатници. Младинците веќе се промовираа во есенски шампиони, а истото можат да го сторат и помладите пионери, само доколку победат на гостувањето во Битола. Очекуваме бодови и за пионерите, како и кадетите, сепак тоа нема да биде лесно бидејќи Пелистер игра добро сезонава во младинските лиги.