Кадетките на ЖРК Вардар, утре (сабота 11/12/2021) ќе бидат домаќини во рамки на 4.коло од групата-А. Црвено-црните дами ќе се соочат со тимот на ЖРК Куманово од истоимениот град.
Натпреварот во малата сала „Јане Сандански“ е закажан со почеток во 12-00 часот, правдата ќе ја делат Лејла Јашар и Михаела Капсарева. Девојките на Платон и Папуџиева досега имаат максимален ефект, односно три победи на три одиграни кадетски средби.