Претстојниов викенд ќе се одигра последното 14 есенско коло во првенството на младите фудбалски категории. Академија Пандев ќе биде противник за вардаровите генерации. Пионерските екипи во сабота гостуваат во Струмица, додека кадетите и младинците во недела на теренот во населбата Јане Сандански ја пречекуваат А.Пандев.
После триумфот во минатото коло против екипата на Работнички, пом.пионери на Вардар се вратија на лидерската позиција, каде имаат идентични 26 освоени бодови, како и екипите на Победа и Работнчки, но вардарци имаат најдобра гол разлика. Првиот дуел одигран на теренот на Академијата заврши без голови (0:0) па ова е шанса за нашите надежи да триумфираат на секогаш незгодното гостување во Струмица. Што се однесува до противникот, тој се наоѓа на 6. место на табелата со 19 освоени бодови. Својот старт овој дуел го има од 10:00 часот.
Дербито ќе биде во пионерската супер лига, во кое се среќаваат првопласираниот Вардар и вториот на табелата, тимот на Академија Пандев. Црвено-црните после победата против градскиот ривал се искачија на првото место, а го искористија и поразот на пандевци од Шкендија. Вардар минимално со 1:0 го доби првиот меч одигран на домашен терен, тогаш за три бода погоди Азер Омерагиќ. Мечот во сабота во Струмица стартува од 12:00 часот.
Кадетите на Вардар ќе се обидат да стигнат до втората последователна победа, откако вчера го добија дербито против екипата на Шкендија, додека младинците да се “рехабилитираат„ од поразот против тетовчани, кој најверотно значеше и губење на шансите за титулата. Двете генерации на Академија Пандев се наоѓаат на средината од табелата. Кадетите на А.Пандев славеа на првиот меч во Струмица (2:0), додека младинците на Вардар триумфираа на гостувањето (1:3). Натпреварите во недела ќе започнат од 11:00 и 13:00 часот.