Ракометното градско дерби во СЕХА-лигата му припадна на Вардар, кој на гостински терен славеше во дуелот против екипата на Металург (26:27). Потешко од очекувааа, црвено-црните ја остварија осмата победа во ова натпреварување, во кое се израмнија по бројот на освоени бодови со екипата на ППД Загреб. На овој меч тренерот Парондо настапи без некколку свои играчи, а шанса на теренот доби младиот Марко Мишевски кој имаше свои минути пред се во одбраната. Тој изјави дека најважно е што неговиот тим успеал да победи.
Најбитно е дека го добивме овој натпревар, на кој Металург даде силен отпор. Беше неизвесно и тесно во текот на целиот натпревар, но сепак најважно е што на крај ги освоивме бодовите, истакна Мишевски.