Во женската Прва кошаркарска лига овој викенд на програмата е дербито помеѓу ЖКК Вардар и Бадел 1862. Ова е средба на двата најдобри тима оваа сезона, но и на двата тима кои изминатите две сезони освоиа по два трофеја во женската кошаркарска конкуренција. Вардар има два Купа, а баделки две првенствени титули.
Вардар влегува како лидер на табелата со 14 бода од седум одиграни дуели, баделки се втори со 12.бода со еден одигран меч помалку оваа сезона досега. Ова е средба на тимовите со најдобрите напади и одбрани во лигата, на дербито црвено-црните дами ќе бидат домаќини. Натпреварот од ова осмо коло во единствената женска кошаркарска конкуренција ќе се одигра во нашата мала сала при С.р.ц “Кале“ во сабота со почеток во 18-00 часот.