Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тимот на Кале Вардар на врвот од табелата кај дамите во Јуниор лигата
Тимот на Кале Вардар на врвот од табелата кај дамите  во Јуниор лигата

Тимот на Кале Вардар на врвот од табелата кај дамите во Јуниор лигата

Девојките од Кале Вардар од Кичево  по второто коло можат да се пофалат со победи против Делчево Вардар од Делчево и против Ново Лисиче Вардар од Скопје. На втората позиција е екипата на Будимир Вардар од Скопје, но таа има одиграно и еден натпревар помалку од Кале Вардар, односно екипата беше слободна во првото коло. Во второто коло одмораше екипата на Драчево Вардар, која е трета на листата во оваа категорија.

Сезонава во Вардар Јуниор лигата се организираат натпревари во генерациите 2004/05, 2006/07 и 2008/09 во машка конкуренција, додека девојките се натпреваруваат во категоријата 2006/07, како и натпревари во мини ракомет наменет за учесниците родени 2010 година и помали.
За најмладите учесници во лигата нема рангирање на тимовите според резултатите.

* Билтен за 1. и 2. коло 2006/07 1_i_2_kolo.docx