Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Есенска “круна„ за ФК Вардар генер. “2005„ Никола Величковски постигна најмногу голови
Есенска “круна„ за ФК Вардар генер. “2005„ Никола Величковски постигна најмногу голови

Есенска “круна„ за ФК Вардар генер. “2005„ Никола Величковски постигна најмногу голови

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005„ година ја играат својата дебитантска сезона во рамките на регионалната-скопска лига. Избраниците на Сашо Јанев завршија како есенски шампиони, убедливо на првото место со максимален број на освоени бодови во ова натпреварување. Одигравме вкупно 10 натпревари на кои забележавме исто толку победи. Голгетерски бевме расположени успевајќи да постигнеме дури 45 голови, додека во нашата мрежа примивме 9 погодоци.

412

Ова се сите остварени резултати во есенскиот дел од сезоната за вардаровата генерација “2005„

1 коло: Вардар – Шкендија

2 коло: Работнички – Вардар 2:3

3 коло: Вардар – Милано 4:0

4 коло: Њу Старс - Вардар 0:5

5 коло: Вардар – Шкупи 4:2

6 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:3

7 коло: Вардар -Скопје 6:2

8 коло: Форца – Вардар 1:5

9 коло: Вардар – Кул 4:0

10 коло: Драчево Јуниор - Вардар 1:6

На пролет ги продолжуваме и настапите во националниот куп, каде ќе играме во полуфиналето. Во осминафиналето со службен резултат го добивме тимот на Македонија Ѓ.П, кој немаше доволен број на играчи за да излезе на теренот. Во четвртфиналниот двомеч бевме подобри од градскиот ривал, тимот на Работнички. Работата ја завршивме уште на првиот натпревар кој го игравме на домашен терен, каде славевме убедливо со резултат 7:1. Реваншот беше само формалност за избраниците на Јанев, кои со комбиниран состав загубија на Алумина (2:0).

Што се однесува до стрелците во оваа генерација најмногу голови успеа да постигне Никола Величковски, вкупно 14 зад неговото име. Во предвид се земаат головите во двете натпреварувања. Ова се сите играчи кои се запишаа во листата на стрелци: 

716

1. Никола Величковски 14

2. Матеј Гаштаров 8

3. Давор Лефковски 7

4. Тино Спасиќ и Дарко Сековски по 4

5. Кристијан Таневски и Горјан Цветков по 3

6. Филип Јовановски 2

7. Стефан Коловски, Кристијан Галевски, Стефан Наумовски, Лука Јакимовски, Влатко Кукуловски, Петар Пројковски и  Филип Радевски по 1 гол.

Есенскиот дел од сезоната убедливо ќе го “презимиме„ на првото место со 30 освоени бодови. На втората позиција се наоѓа Работнички кој има 22 бодови, додека трет е Шкупи со 21 бод.

Вака изгледа табелата во регионалната-скопска лига, за генерацијата “2005„.

vardarfans-2005-1