Во саботата Вардар успеа да го победи Киелце на меч од Лигата на Шампионите. На теренот се појавија и двајца поранешни играчи на Вардар, кои пред две сезони ја освоија Европската титула. Се работи за Лука Циндриќ и Алекс Душебаев.
Посебно Циндриќ беше пречекан со аплаузи и беше скандирано неговото име во преполната арена Јане Сандански. Лука не го заборави овој потег и се заблагодари на сите навивачи за топлиот пречек. Тој на својот инстаграм профил го напиша следново: Вардар, Комити, Скопје, Македонија – ви благодарам за сè“